Добиј бесплатна достава за нарачки над 3000 денари
Машки Женски

КАКО ДА КУПИТЕ?

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница, може, но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашиот емаил ќе Ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Доколку сте регистриран корисник на нашиот сајт потребно е да кликнете на полето НАЈАВИ СЕ во горниот десен агол, да се најавите со Вашата е-маил адреса и да продолжите со купување.

Во случај да не сте регистриран корисник, откако ќе ги додадете посакуваните производи во кошничка, под нив го избирате полето Нарачка без регистрација, каде што е потребно да ги внесете Вашите точни лични податоци, да изберете начин на плаќање и да кликнете на полето ПОТВРДИ, по што ќе добиете е-маил за потврда на нарачка.

*Напомена: Ве молиме проверете ги Вашите внесени лични податоци

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

ИЗБОР НА ПРОИЗВОДИ

На почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на производите според категорија бренд или според категорија вид на производи. Со избор на брендови се отвара паѓачко мени со листа на сите брендови достапни во онлајн продавницата. Со избор на производи се отвора паѓачко мени со секции: облека, обувки и модни додатоци и соодветните групи производи кои спаѓаат во нив.

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, боја, вид на производ, тип, големина и цена. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл.

При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле "ПОВЕЌЕ". Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да го видите неговиот состав и да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето "ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

СОДРЖИНА НА КОШНИЧКА

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.

НАРАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД КОШНИЧКАТА

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните величини, од Вас ќе биде побарано да се регистрирате, да се логирате на својот профил или да креирате нарачка без регистрација. Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 3.000 денари, испораката е на трошок на купувачот е во износ од 160 денари, во или надвор од Скопје.