Добиј бесплатна достава за нарачки над 3000 денари
Машки Женски

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

За да купите производи преку сајтот, достапни е само еден начин на плаќање - со платежна картичка.

Сите цени кои што се објавени на сајтот на БГ Стор Македонија се прикажани со вклучено ДДВ.

ПЛАЌАЊЕ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

  • - Број на платежната картичка
  • - Име и презиме на носителот на картичката
  • - Датумот на важност на картичката
  • - CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Халк Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

*Напомена: Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.

ДОСТАВА

Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ/ ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е носен. Во спротивно потрошувачот го губи правото на повлекување. Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, а се отворени по испораката.

Правото на повлекување од договор може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Образецот за повлекување од договор, кој е достапен на следниот ЛИНК или со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на info@bgstore.mk или обратете ни се телефонски на 075439575.

Со поднесување на известување за повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка, кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации прочитајте во делот Политика за приватност.

Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн и не е можно физички да се врати производот во продавниците.

Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите поврат во малопродажните објекти на нарачаниот производ.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 025115192 или 075439575 Понеделник - Петок 08-16ч или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на info@bgstore.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.

РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД

Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај на повлекување/ замена на производот трошокот за враќање / достава на нов производ е 160 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/ заменува. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.